Кое е идеалното време за секс?

Најново британско истражување покажа дека повеќето парови водат љубов во сабота навечер односно во 19 часот и 37 минути.

Според истражувањето спроведено од страна на сајтот Lovehoney.com , 44 отсто од испитаниците го избрале токму оваа време за да имаат секс.

Вториот ден за љубовна гимнастика е недела ( 24 проценти ), а третиот петок ( 22 проценти).

Викендот е очигледно поволен за секс и тоа не е случајно. Преоптоварени со работа луѓетопланираат да имаат секс кога тоа им одговара .

Растојанието помеѓу највисоката точка на возбуда и акција е , исто така, индикативен : сабота , на пример, повеќето парови стануваат возбудени околу16:33 часот, но акцијата настапува три часа подоцна.

Истражувањето открива дека многу малку луѓе реагираат спонтано на секс. Поголемиот дел од нив го планираат.

“Планирањето на сексуални односи може да дејствува како најнеромантично нешто во светот , но редовна физичка интимност е клучот за среќна врска “, објаснуваат од сајтот.

Истражувањето открива дека сексот е најчест за време на летните денови. Втората жешка сезона е зима. На трето место е пролетта и есента е последна .

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.