Зошто е добро да јадете краставици?

281

Доколку заборавате редовно да пиете доволно вода, јадете краставица, бидејќи нејзината главна состојка е вода – 90 отсто. Водата од краставицата е како “метла” за нечистотиите во телото. Редовното консумирање на краставици помага и при ослободување на камења во бубрезите.

А, Б и Ц витамините го зајакнуваат имунолошкиот систем, даваат енергија и ја прават кожата сјајна. Краставицата е нискокалорична храна, а бидејќи главната состојка е вода се препорачува и за диети. Сокот од краставица содржи хормон кој е потребен за производство на инсулин. Истражувачите откриле дека краставицата помага и во намалувањето на нивото на холестерол. Краставиците содржат многу растителни влакна, калиум и магнезиум. Овие хранливи состојки влијаат и за регулирање на крвниот притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.