Клиничката болница во Штип се гради со задоцнета динамика
Изградбата на Клиничка болница-Штип министерот Венко Филипче рече дека е со задоцнета динамика поради временските услови.
– Очекуваме изградбата да продолжи, како што ни ветија изведувачите со забрзана динамика. Очекуваме дека до крајот на годината веќе да биде во значајно напредната фаза, рече Филипче.
Во врска со барањето на штипските лекари за исплата на разликата на дежурствата во изминатите три години, со што од Клиничка болница –Штип побаруваат околу 200.000 евра, министерот одговори дека вакви примери има и во другите болници во земјава.
– Тоа што сега го правиме е унифицирање на начинот на исплаќање, кој ќе се имплементира во сите јавни здарвствени установи, и врз основа на тој унифициран начин нќе се направи и покачувањето на сумата за дежурства, кое ќе почне од април за мартовската плата, додаде Филипче.
Министерот за здравство акцентираше дека средствата за зголемување на дежуствата за лекарите и медицинскиот персонал веќе се обезбедени од буџетот на Владата, а исто така се обезбедени и средства за исплата на надоместокот за приватните специјализанти, кои специјализираат во клиниките во Скопје.