Наслагите од забен камен не само што изгледаат грдо, туку можат да предизвикаат и сериозни проблеми.
Забниот камен е тврда наслага на забите која се таложи со текот на времето.
Доколку спаѓате и вие во категоријата на луѓе кои се тресат од страв при посета на стоматолог, тогаш овие природни решенија се идеални за вас:
Рецепт 1
Состојки:
30 g лушпи од ореви
Малку вода
Начин на подготовка:
Ставете ги лушпите од орев во тенџерче, додајте вода и варете ги 15 минути. Во добиената смеса натопете ја четката за заби и мијте ги забите 5 минути. Оваа процедура повторувајте ја во утринските, попладневните и вечерните часови.
Рецепт 2
Состојки:
4 кафени лажички семки од сончоглед
4 кафени лажички цвет од липа
1l вода
Начин на подготовка:
Ставете ги состојките во сад, прелијте ги со вода и варете ги околу половина час. Мијте ги забите со оваа смеса после секој оброк.
Рецепт 3
Јаболковиот оцет може да се користи за отстранување на забен камен, но употребувајте го само еднаш неделно. Ставете малку јаболков оцет во уста и тријте со четка за заби. Потоа темелно измијте ја устата со вода.
Рецепт 4
Сода бикарбона исто така може да ви помогне да го отстраните забниот камен. Ставете малку сода бикарбона на намокрена четка и со неа исчистете го каменот. Можете да додадете и малку сол, па да ги исчеткате забите. Заради силното дејство, доволно е постапката да ја повторувате на 2 недели.