Кардиологот Кедев уназаден на работната позиција – Политички реваншизам или..???

Сашко Кедев, кардиолог и доктор на медицински науки, кој прв во светот импементираше новa методa за спречување на мозочен удар, повеќе не е во тимот кардиолози на Клиниката за кардиологија во Скопје. По смената на власта, тој сега е само обичен кардиолог-специјалист.

Кедев е доцент на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог и сертифициран интервентен кардиолог во САД.

-Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог-специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите пет интервентни кардиолози. Тоа Венко Филипче, актуелниот министер за здравство го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднина да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри – рече Кедев гостувајќи на телевизија „Телма“.

Кедев е загрижен за состојбите во интервентната кардиологија и дека поради негрижата таа може да прејде во доменот на приватното здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.