Какви здравствени проблеми може да предизвика носењето чевли со високи потпетици?
Иако по неколку часа одење во високи потпетици жените чувствуваат болка, ретко која се откажува од нив. Дури одат и чекор понатаму со подложување на козметичка хирургија само за да бидат во можност да носат штикли од 15 сантиметри. Освен болка во нозете и стопалата штиклите влијаат на целото здравје, предупредува организацијата за женско здравје. Нозете дејствуваат како ” перници ” за заштита на скелетот од удари, но со носење на потпетици не може да ја вршат природната функција . Колку штиклите се повисоки толку е поголем притисокот врз коските. Или, штикли од 10 сантиметри го зголемуваат тој притисок речиси за 30 проценти.
Носењето високи потпетици ја менува природната позиција на глуждовите и ги придвижува напред со што може да дојде до прекин на циркулацијата во долните екстремитети и да предизвика проширени вени .
Од штиклите се трошат и колената. Иако тоа е еден вид на амортизер кој
ги ублажува фектите од одењето. Коленото ја штити рскавицата но штиклите создаваат притисок во внатрешната страна на коленото и го зголемуваат неговото трошење. Во такви услови коленото не е доволно подмачкано и кај жените може да дојде до остеоартритис, болест што ја карактеризира болка при одење, крцкање на зглобовите и ограничено движење . Штиклите прават голем притисок и врз колковите и рбетот. Затоа експертите препорачуваат жените кои носат високи потпетици секој ден да се одморат и секој втор ден да носат рамни чевли за да го намалат притисокот врз коските.