Кој ден и месец се најризични за добивање на срцев удар?

147

Повеќето срцеви удари доаѓаат во понеделник, додека декември е најчест месец за инфаркти, покажува истражувањето на шведските научници.

Научниците анализирале податоци од 156.000 пациенти примени во болница поради срцев удар, во тек на седум години.

Во текот на истражувањето, забележале некои изненадувачки факти за тоа кога најчесто доаѓа до инфаркт.

Најмалку инфаркти се забележани во сабота, додека месец јули е најмалку опасен за луѓето со срцеви болести.

Студијата докажува дека ризикот од срцев удар во понеделник е поголем за 11 отсто во однос на другите денови.

Младите, вработени луѓе, се ранливи во понеделник, кога ризикот од инфаркт е за 20 отсто поголем од другите денови.

Времето кога срцевите удари се почести, се поклопува со високото и ниското ниво на стрес, како враќање на работа во понеделниците.

Едно претходно истражување утврдило дека стресот може да биде искра на промени во биолошкиот систем, кои луѓето можат да ги направат подложни на срцев удар.

Како што се зголемува нивото на стрес, така се зголемува активноста во амигдалата – дел во мозокот одговорен за емоциите, пренесоа научните портали.

Тоа ја поттикнува коскената срж да произведува повеќе имуни клетки за одбрана од стрес. Но повеќе такви клетки предизвикуваат и воспаленија, а тоа може да ги оштети артериите и срцето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.