Какви здравствени проблеми може да предизвика белото вино кај жените?
Тим од американски и кинески научници откри дека жените коишто пијат бело вино или ликери, имаат поголема веројатност да страдаат од проблеми со кожата на лицето, а резултатите од нивното истражување се објавени во списанието Journal of the American Academy of Dermatology.
Како што утврдиле во својата студија дерматолозите од Универзитетот Браун, кај жените коишто консумираат бело вино или ликери, почесто се јавува розацеата – заболување кое се карактеризира со иритација и црвенило на кожата, како и исипување со светло розова боја.
Дерматолозите ги анализирале здравствените податоци за околу 83.000 жени и количеството и видот алкохол што го консумирале во периодот од 1991 до 2005 година. Се покажало дека речиси пет илјади од нив страдале од розацеа.
Според истражувањето, консумирањето на повеќе од пет чаши бело вино седмично го зголемува ризикот од развој на споменатото заболување на 49 отсто, а при пиењето три чаши на 14 проценти.
Дерматолозите сметаат дека ваквата заемна поврзаност може да се објасни со фактот што консумирањето бело вино го ослабува имунолошкиот систем и ги шири крвните садови. Тоа од своја страна доведува до појавата на црвенило и го поттикнува развојот на заболувањето. Покрај тоа, за разлика од црвеното вино, белото не содржи супстанции кои имаат антивоспалителни својства, истакнуваат научниците.