Како побрзо да се закрепне после операција?
Кај пациенти кои по оперативниот зафат слушале музика е забележано една третина помалку болка и напнатост, соопштија швајцарски научници, пренесува Танјуг.
Истражувањето, спроведено на Универзитетот во Цирих, сугерира дека музиката по операцијата била поврзана со 40 отсто помал ризик од висок крвен притисок и забрзана работа на срцето.
Позитивните резултати биле повеќе изразени кај пациенти кои сами си бирале музика која ќе ја слушаат.
Во истражувањето користени се податоци собрани во текот на 15 години за потребите на 47 поранешни студии.