Како да се заштитите на студот?
Со правилно однесување и адекватна подготовка можеме да ги спречиме или значително да ги намалиме последиците кои ладното време може да ги предизвика.
Докторите првенствено препорачуваат зајакнување на имунитетот. Добро е што помалку да престојувате во затворено, во задимени или загадени градски простории.
Ако околностите не овозможуваат консумирање на свежо овошје и зеленчук, би требало секојдневно да се земаат препарати кои ги содржат потребните витамини и минерали.
Исто така, многу е важно доволно да се спие и да се биде одморен.
Покрај гардероба прилагодена за временските услови, заштита на главата, рацете и покривање на устата со шал, со цел да се спречи директно вдишување на ладниот воздух, докторите препорачуваат и избегнување на тешка физичка работа на отворено.
Оние кои за загревање на куќа или стан користат цврсто гориво или гас, се препорачува да водат сметка за редовно проветрување на просториите.