Како да се справите со хроничниот замор?

Постојат неколку додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат природно да се справите со хроничниот замор. Кога ќе ги комбинирате со добра исхрана, доволно спиење и некои техники за намалување на стресот, ќе можете да си ја вратите енергијата која ви е потребна.

1. Витамин Б12

Овој витамин има влијание на функционирањето на мозокот и на нервниот систем. Кога ќе додадете витамин Б12 во вашата исхрана, ќе почувствувате поголема енергија, подобра концентрација и подобро расположение. Овој витамин можете да го најдете во месо, риба, јајца и млечни производи, но можете да најдете и пилули. Исто така, витаминот Б12 го намалува ризикот од срцев удар, ја подобрува меморијата и штити од Алцхајмерова болест.

2. Мелатонин

Ако сметате дека причината за вашиот замор е недоволно спиење, додавање на мелатонин во исхраната може да ви помогне. Ова е хормон произведен од мозокот кој помага во спиењето, па неговото консумирање ќе ви овозможи квалитетен сон.

3. Витамин Д

Витаминот Д му помага на метаболизмот и на вашето тело да апсорбира фосфор и калциум. Ако имате недостаток од овој витамин, ќе чувствувате замор, проблеми со спиењето, променливо расположение и симптоми на депресија. Витаминот можете да го добиете од сонцето и храна како јајца, лосос и сирење. Доколку сте веган, постојат додатоци за исхрана кои се погодни за вас.

4. Л-тирозин

Постојаниот стрес може да води до замор, но со вежбање, медитација, правилна исхрана и додатоци во исхраната можете да се справите со стресот. Л-тирозинот е амино киселина која помага во борбата против стресот. Овој додаток можете да го земете 30-60 минути пред некој стресен настан (како вежбање, испит или интервју за работа) и ќе ви помогне да останете смирени.

5. Магнезиум

Магнезиумот е минерал кој помага во правилното функционирање на крвниот притисок и на кардиоваскуларниот систем. Тој исто така помага и кај болката во мускулите и заморот. Магнезиумот треба да се зема навечер комбиниран со нешто кисело, како на пример овошен сок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.