Како да се ослободите од непријатниот мирис од потење?

Иако против потењето и непријатната миризба помош се бара во козметика, подобар ефект се постигнува со промена во животниот стил. Еден од нив е храната кај која има голем број производи кои помагаат во губење на миризбата..

1.Храна богата со влакна како бобинки, ореви, зелен лиснат зеленчук и интегрални житарици во текот на летото треба да бидат 90 проценти од дневните оброци.

2. Замена на црвеното месо со риба како лосос и сардина кои содржат големи количини на калциум, кој помага да се намали потењето. Позитивен ефект имаат и портокали и брокула.

3. Nim позната индиска билка ефикасно помага со потењето поради моќниот антиоксиданс. Во една чаша топла вода, додадете еден прст прав од билката и измешајте. Ако вкусот е горчлив, додадете мед и лимон. Чајот да се пие најмалку три пати на ден, и најдобро е наутро на празен стомак.

4. Маслиновото масло да се користи како единствен додаток во салати и месо, бидејќи е богато со антиоксиданси и полесно се вари од другите растителни масла. Затоа, избегнувајте маргарин и сончогледово масло во процесот на готвење бидејќи при висока температура тие ослободуваат токсини кои телото ги исфрла преку порите на кожата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.