Како да престанете да грицкате нокти?

Три ефикасни трикови

Грицкањето нокти е навика од која е потешко да се одвикнете, отколку од пушењето. Преку овие три совети, се надеваме дека полесно ќе се одвикнете од оваа лоша навика.  Воспалена кожа, црвенило, нерамни рабови на ноктите, инфекции, се само мал дел од последиците од грицкањето нокти. Освен естетски оваа навика има и многу непријатни здравствени последици, бидејќи пред се бактериите од рацете се внесуваат директно во уста.

Специјални креми со горчлив вкус и неподнослив мирис

За овие препарати сигурно сте слушнале, но можеби не сте ги пробале. Овој трик често успева кај помалите деца, па ако можат помалите зошто да не и вие. Постојат и лакови за нокти, токму такви горчливи и лути од кои нема да можете да продолжите со грицкање. Вреди да се обидете, ние само ве мотивираме. Друга слична опција е во вашата крема за раце да додадете рибино масло кое нема да ви биде баш пријатно на мирис.

 Задолжете ги прстите со некоја обврска

Интересен метод против грицкање е гумено топче кое постојано ќе го држите во рацете и ќе го стискате и „шетате“ низ прстите. Оваа вежба подеднакво помага и во ослободување на стресот, а со тоа и намалување на потребата за грицкање. Меѓутоа не држете го топчето само со едната рака, за другата да не ви биде слободна. Играјте го со двете раце.

Фотографирајте ги своите нокти и гледајте ги почесто

Фотографирајте ги ноктите и споредете ги со нормални. Се почесто гледајте ги изгрицканите нокти и потсетувајте се како сите ви кажуваат да престанете и тоа дека вашите раце изгледаат грдо. Овие вербални сугестии навистина помагаат. Сигурно додека се излезени или сте во друштво на некој што не сакате да дознае дека имате таква навика и лоши нокти, ги криете раце, пробајте дланката да ви биде отворена за вашата свест да интензитет.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.