Како да ја подобрите крвната слика?

Слабокрвноста значи намален капацитет на крвта да пренесува кислород, што може да доведе и до анемија, која е сериозно здравствено нарушување.

Сепак, постојат природни начини како да ја подобриме крвната слика и тоа само со намирници што се лесно достапни во продавниците, а повеќето ги имате и дома.

Оваа вкусна напивка уште е наречена и природен еликсир за подобрување на крвта, бидејќи се работи за витаминска бомба од која може да имате само корист, не и штета.

Потребно е:

200 милилитри мед
200 грама ореви (излупени)
200 грама суво грозје
200 милилитри свежо цеден сок од морков
200 милилитри свежо цеден сок од цвекло
Два лимона

Подготовка:

Измијте ги добро лимоните, исечете ги на парчиња, колку да можете да ги извадите семките и заедно со кората изблендирајте ги. Префрлете ја смесата во поголема стаклена тегла. Додајте мед и цедените сокови од морков и цвекло. Во ова додајте ситно сецкани (може и сомелени) ореви и суво грозје и измешајте. Чувајте ја смесата во фрижидерот.

Земајте по една супена лажица пред секој оброк, три пати на ден. Резултатите се забележливи и по 7-10 дена од почетокот на консумирање.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.