Како да го спречите стареењето додека спиете?
Според специјалисти спиењето на една страна е главен виновник, бидејќи води до повеќе набори на кожата, предизвикувајќи го предвремено стареење. Тие потсетуваат исто така, дека постои такво нешто како “прекумерно спиење”.
Иако не е задолжително ефектите да влијаат естетски, прекумерното спиење може да доведе до оптоварување на телото. Има податоци дека го зголемува ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни проблеми, па дури и мозочен удар, па затоа е добро да се држиме до препорачаните 7 – 8 часа на ноќ.
Пред да си легнеме, е многу важно добро да ја исчистиме шминката, за да не се наруши природниот рекреативен циклус на организмот.
Во однос на превенцијата против стареење на кожата, клучот е хидратацијата, особено ако собата во која спиеме е топла и се потиме.
Нанесувањето на хидратантен серум или крем пред спиење ја навлажнува кожата до утрото, но треба да бидеме внимателни да не претераме со количината, бидејќи кожата има свој природен механизам на обновување, кој се забрзува за време на спиењето. Употребата на “тешки” креми може да ги затвори порите, што може да доведе до појава на мозолчиња.
Друг начин да се спречи дехидратацијата ноќе е ако ја смениме постелнината од синтетички материјали со такви кои овозможуваат кожата да дише. Ова е важно и за косата, бидејќи таа не се плетка и мрси.