Како да го намалите секојдневниот стрес?

Ако сте под константен стрес поради проблеми на работа или дома, обидете се да се ослободите од него со некои од овие антистрес активности.

1. Физичка активност

Која било физичка активност може да го намали нивото на стрес и да ви помогне да се опуштите. Стресот може да се намали со каква било активност, од кратка прошетка до тренинг во теретана, па до пливање или возење со велосипед, ваше е да одберете што најмногу ви одговара.

2. Поминете време во природа

Истражување на Универзитетот Илиноис потврди дека гледањето во зеленило помага во борбата со стресот.

3. Отворете се

Зборувајте со некого кому му верувате и кој ќе ги задржи вашите грижи за себе. Тоа е еден од наједноставните начини за решавање на стресот.

„Вербализацијата на негативните мисли и чувства помага тие да го напуштат вашето тело. Поради тоа советувањето помага и поради тоа е важно да се има добра база на пријатели на кои може да им се верува“, вели психотерапевтот Ханс Панкани.

4. Зборувајте со себеси

Ако немате со кого да зборувате, тоа не треба да ве спречи да ги исфрлите сите негативности од својот систем, тврди Ханс и додава дека во тој случај е најдобро да зборувате сами со себе.

„Колку и лудo да звучи, верувајте ми, ова делува. Ова се вика техника на празна маса“, вели Ханс.

5. Пишувајте

Стресот е составен од негативни емоции и негативни мисли кои ги собираме во телото и кои влијаат на нормалното функционирање на телото. Поради тоа, експерти советуваат дека е најдобро да напишете во писмо се што ве мачи. Едноставно е и не морате ништо да цензурирате, бидејќи тоа писмо секако нема да го праќате на некого.

6. Опуштање и медитација

Одделете си малку време за себе. Научете како правилно да дишете и посветете и се на медитацијата, советува Џулија Монтагу, нутриционист и инструктор по јога.

„Истражувањата покажаа дека треба да издишувате подолго отколку што вдишувате, на тој начин ќе влијаете директно на вашиот нервен систем, ќе ги разбистрите мислите, ќе ги стабилизирате емоциите и ќе го намалите стресот“, вели Џулија Монтагу.

7. Исклучете го телефонот

„Исклучете ја целата технологија барем на половина час. Отстранете ги сите извори на информации кои претерано го оптоваруваат мозокот. Посветете се на работи кои се навистина важни. На тој начин ќе забележите колку всушност време поминувате со компјутерите и мобилните телефони“, вели Џулија Монтагу.

8. Позитивна афирмација

„Потсетете се на сите добри работи во животот. Пред да одите на спиење, напишете листа на работи за кои сте благодарни. И потсетете се кои луѓе најмногу ви значат“, советува Џулија.

9. Пронајдете хоби

Правете го она што го сакате и пронајдете време за хоби, тоа ќе има големо значење за вашето ментално здравје.

10. Имајте квалитетен сон

„Би требало да спиете од 7 до 8 часа секоја вечер. Ако имате проблем со спиењето обидете се со маска за спиење или со подобро замрачување на собата. Многу е важно да спиете квалитетно, бидејќи тоа влијае на вашата способност следниот ден“, вели Џулија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.