Како да го намалите ризикот од рак на простата?
Редовното пиење на било каков чај има поволен ефект врз здравјето на простатата. Идеална мера се 2 шољи на ден. Од друга страна кафето не го намалува ризикот од рак, покажува студијата на холандски научници.
Мажите кои редовно пијат чај имаат многу мали шанси да заболат од рак на простат, едно од најчестите малигни заболувања кај мажите постари од 50 години, тврдат научници од Холандија.
Тие откриле дека две шољи чај на ден го намалуваат ризикот од тумор на простата за повеќе од 37 отсто.
Најчести симптоми на ракот на простата се често и отежнато мокрење, крвава мокрача, проблеми со ерекцијата како и болна ерекција.