Јадете спанаќ, го зајакнува имунитетот!
Спанаќот е богат извор на витамини и минерали, посебно витамин А, кој е значаен за кардиоваскуларен систем и содржи витамин К, кој е важен за коските. Во спанаќот има 13 флавоноиди – силни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот борејќи се против слободните радикали.
Листовите на спанаќот содржат големо количество на хлорофил, а од витамините, најмногу содржи витамин Ц, потоа витамин А и скоро сите видови на витаминот Б; Б1, Б2, ниацин и Б6. Истражувањата во последните децении откриле дека спанаќот содржи фолна киселина, која има значајна улога во структурата на црвените крвни садови, што го прави погоден прехранбен производ за проблемите со слабокрвност