Јадат се, а не се дебелеат – Ова е нивната тајна!
Оваа е тајната на Јапонките, кои буквално јадат се но не се дебелеат.
И тајната не толку голема тајна, колку што е во издржливоста и посветеноста на овие неколку правила.
Најпрво, запрашајте се: Дали сте виделе дебела Јапонка? Најверојатно не, но и да видите тоа е толку ретко што речиси и да нема.
Покрај убавата фигура, Јапонките го носат и епитетот „најдолговечни“ и во просек живеат 84 години.
Правилата се следни:
1.Оброците најчесто им се состојат од риба, ориз, варен зеленчук, зелен чај и овошје. Исто така, секогаш храната ја подготвуваат дома и ретко јадат надвор.
2. Лебот го заменуваат со ориз, а храната која ја подготвуваат се вари на тивок оган. Најчесто, доручекот на Јапонките се состои од парче риба, ориз, супа, кромид, омлет и секако зелен чај. И сето тоа е во мали порции.
3. Речиси и да не јадат десерти, а кога јадат тоа е во многу мали количини. Наместо десерт јадат овошје.
4. Вежбаат секој ден, затоа што знаат дека за млад и здрав изглед освен храна потребно е и секојдневно вежбање или пешачење.