Иако милиони луѓе ширум светот живеат со СИДА, оваа неизлечива болест повеќе не претставува смртна казна, туку сега е хронична состојба со којашто можете да се справите.
ХИВ вирусот може да се разнесе преку незаштитен сексуален однос, при заедничка употреба на игли и шприцови и од мајка на дете за време на бременост, породување или доење. ХИВ вирусот го напаѓа имунитетот и белите крвни зрнца, кои се важни во борбата против инфекциите.
ХИВ е различна болест од повеќето и до денес сè уште постои стигма околу неа. Луѓето со ХИВ можат да бидат исплашени да ја споделат нивната состојба поради грижа дека ќе добијат различен третман и ќе се соочат со дискриминација.
Симптоми на ХИВ и СИДА
Кога личноста прв пат е изложена на ХИВ, можно е да не покаже никакви симптоми, и тоа неколку месеци или подолго. Но најчесто кај заболените се појавува болест слична на грип, две до четири недели по заразувањето. Во раната фаза на инфекцијата, луѓето имаат големо количество ХИВ во крвта и се многу заразни.
Најчесто потоа следи фаза кога вирусот е помалку активен и најчесто нема никакви симптоми. Сепак, заболената личност може да ја пренесе болеста на некој друг. Овој латентен период може да трае цела деценија или подолго.
Доколку не се лекува, инфекцијата со ХИВ ќе стане СИДА, која пак сериозно го оштетува имунолошкиот систем. Најчесто, симптомите на ХИВ и СИДА се следниве:
– Забрзано слабеење
– Екстремен замор
– Сува кашлица
– Постојани трески или ноќно потење
– Отечени лимфни жлезди на пазувите, препоните или вратот
– Дијареа што трае долго
– Рани во устата или крварење од гениталиите или анусот
– Пневмонија
– Депресија, проблеми со меморијата и други невролошки нарушувања
Дијагноза и тестирање
Препорачливо е сите на возраст помеѓу 13 и 64 години да се тестираат за ХИВ барем еднаш. Оние кои се изложени на поголем ризик, најдобро е да се тестираат барем еднаш годишно. Постојат три тестови со кои се проверува инфекцијата со ХИВ.
Во првиот тест се проверува дали во крвта на пациентот го има вирусот ХИВ. Но овие тестови се скапи, па ретко се користат за рутинска проверка.
Вториот тест бара антитела на ХИВ кои се произведени од имунолошкиот систем, откако телото е изложено на бактерија или вирус. Овој тест ги детектира и антигените на ХИВ – страни супстанци кои го активираат имунолошкиот систем.
Третиот тест бара антитела на ХИВ во крвта или оралната течност. Овие тестови се изведуваа најчесто и даваат резултати за околу 30 минути.
Сепак, понекогаш се потребни недели или месеци пред пациентот да развие доволно антитела кои би биле забележани во тестот за ХИВ. Резултатите од ХИВ тестирањата кои се праќаат во лаборатории понекогаш даваат резултати дури после една недела.
Третмани и лекарства
Иако болеста сè уште е неизлечива, денес пациентите со СИДА можат да живеат многу подолго – дури неколку децении после инфицирањето. Ова е благодарение на лекарствата кои го потиснуваат вирусот.
Најефикасниот третман е познат како антиретровирусна терапија (АРТ), кој најчесто е комбинација од барем три лекарства кои го спречуваат пациентот да стане отпорен на други лекови.
Модерните лекарства за СИДА се поефикасни и помалку штетни од оние во минатото, а пациентите треба да земаат помалку лекови, и тоа поретко. Најчесто, луѓето кои се третираат со АРТ земаат по една пилула дневно, а терапијата има многу малку несакани ефекти.
АРТ терапијата помага и во забавување на проширување на вирусот, како и намалување на неговата концентрација во крвта. Со секојдневен третман, вирусот може да се намали толку многу, што ќе стане незабележлив. Личноста која има незабележливо количество на ХИВ во крвта, не може да го пренесе вирусот на сексуалните партнери.
Истражувачите развиваат и нови третмани кои би биле замена на секојдневното пиење пилули. На пример, се работи на развивање на инјекција против ХИВ со долготраен ефект, која би требало да се прима еднаш месечно или на неколку месеци. Во иднина можеби ќе имаме и мали импланти кои ќе бидат одговорни за АРТ терапијата.
Спречување
Спречувањето на инфекцијата значи избегнување на однесување кое може да ве изложи на вирусот. Некои од мерките вклучуваат:
– Познавање на вашиот и ХИВ статусот на вашиот партнер
– Користење кондоми при секој сексуален однос
– Ограничување на бројот на сексуални партнери
– Откажување од наркотици што се инјектираат и користење само сопствени игли и шприцови
– Барање лекарска помош веднаш откако ќе се посомневаме дека сте биле изложени на вирусотсида,хив,