Ѓумбир не смеат да јадат овие луѓе

Дали го знаевте ова?

Ѓумбирот се смета за универзален лек кој може да помогне при различни здравствени тегоби, вклучувајќи и некои тешки болести.

Одамна се користи во народната медицина заради своите антисептички својства, меѓутоа овој лековит корен не е погоден за сите.

Овие групи на луѓе сепак би требало да го избегнуваат:

Бремени жени

Ѓумбирот содржи моќни стимуланси кои може да ја доведат трудницата до предвремени контракции. Затоа треба да го избегнуваат, посебно во последните неколку недели.

Луѓе кои сакаат да се здебелат

Ѓумбирот е идеален лек за оние кои сакаат да ослабат затоа што го убива апетитот и ги елиминира мастите. Баш затоа, другата група на луѓе кои сакаат да се здебелат треба да го избегнуваат. Тука се вклучени и сите суплементи на база на овој корен.

Луѓе со проблематична циркулација

Ѓумбирот ја забрзува циркулацијата, што генерално е добра работа, освен за оние кои имаат пореметувања во крвта како што е хемофилија. Во таквиот случај, оваа билка може да ја влоши состојбата.

Луѓе кои пијат лекови за притисок и дијабетес

Ако пиете било какви лекови за дијабетес или притисок, спаѓате во посебно ризична група затоа што оваа билка може да го измени дејството на лековите. Посебно е ризично ако ѓумбирот го комбинирате со бета-блокатори и лекови на база на инсулин.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.