Граѓанската иницијатива О2 за чист воздух најави тужба против Македонија во Стразбур ако не се одвојат повеќе пари за животна средина!

Тужба против Македонија до европскиот суд за човекови права во Стразбур и жалби до сите меѓународни институиции најави иницијативата О2 за чист воздух поради алармантната загаденост во државата. 14 граѓански здруженија бараат да се зголеми буџетот за животна средина од 0,45 на 2,5 проценти каков што е европскиот просек и да има повеќе пари за конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето. Не исклучуваат и радикални протести доколку не наидат на разбирање на попладневната средба со Премиерот Заев.

– Ако не се исполнети барањата ќе одиме и во форма и тужба и жалба до комисиите и во форма на повикување на специјалните известувачи кои по специјалност се правници, односно ќе превземеме повеќе чекори паралелно, изјави Татјана Чакулев, од Граѓанската иницијатива О2.

– Ова е Еко геноцид и елементарна непогода, изјави Душко Груевски од Битола

Премиерот Заев денеска изјави дека откако ќе ги служнат барањата и проектите на граѓанската иницијатива ќе одлучат.

Без разлика на исходот на средбата со Премиерот, здружението на граѓани спас за нас од Гевгелија поради сомневања за фалсификувани концесии за рудниците за минерални суровини меѓу кои и Казандол и Иловица најавија кривична постапка до Јавното обвинителство против повеќе лица.

– За 2-3 дена до ЈО покренуваме кривична постапка, имаме основано сомневање за сторени кривични дела во низа на огромен број државни функционери од претходната власт, службеници, порачатели и изготвувачи на студии, изјави Ангел Наков, Здружение Спас за нас од Гевгелија

Во меѓувреме кога загадувањето во главниот град достигнува и до 10 пати над дозволеното дел од градоначалниците се фалат дека превземаат мерки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.