Ги зголемува градите а ги намалува килограмите!
Колку и да звучи неверојатно, семките од тилчек се најдобриот лек за секоја жена.
Од една страна, ги зголемува градите затоа што содржи фитоестроген кој влијае на задржување на вода во тикивото, а од друга страна ова чудотворните семки можат да ги намалат ПМС болките.
Заради благотворното дејство на матката, овие семки се препорачуваат и неколку дена пред породувањето, затоа што ги поттикнуваат контракциите и го олеснуваат самиот чин на породување.
Семките од тилчек се стар лек кој им се препишувал и на мажите заради зајакнување на плодноста.
Ова семе се користи и за лечење на алергии, висок крвен притисок, регулирање на шеќер во крвта, исфрлање на секрет од гради и синуси, стимулација на метаболизмот и слично.
Сепак има една маана- вкусот на оваа билка е посебно остар и лут, па на него ќе мора постепено да се навикувате.
Како да подготвите чај од тилчек?
Ставете 2 лажици семки во 2dl ладна вода. Сварете, оставете да отстои 20 минути со капаче, со повремено мешање, па процедете.
Пијте постепено, во мали голтки.
Како да направите прав од тилчек?
Семето може да го сварите во каша или да го сомелете во прав, па да јадете по половина лажичка дневно.
Ова е најдобар лек за подобрување на варењето.