Кои ментални болести родителите можат да им ги пренесат на децата?
Опсесивно-компулсивниот синдром е докажано дека има силна семејна поврзаност. Доколку имате некој во семејството со ова нарушување, шансите дека ќе го наследите се поголеми дури за шест пати.
Анксиозноста е пренослива од родителите на децата, докажа истражување спроведено во Медисон. Низ набљудување на 600 млади резус макаки мајмуни, научниците дошле до заклчок дека мајмуните како и луѓето може да се родат и да страдаат од анксиозност, и дека и дека можат да го пренесат на потомството.
Генетските фактори играат голема улога во откривањето дали сте склони кон развој на голем број депресивни нарушувања. Според истражителите, семејната наследност се движи од 40 до 50 отсто.
Австралиско истражување тврди дека биполарното нарушување и шизофренијата се болести кои се пренесуваат по генетски пат. Доколку постои историја на овие две болести во семејството, се зголемуваат шансите дека таа болест ќе ја имаат и вашите деца.
Но, дури и да боледувате од некоја од наведените болести, тоа не мора да значи дека таа секако ќе се пренесе на вашето дете. До нарушување може да дојде и поради комбинација на генетските фактори и факторите од околината.