Ги исфрла секретите од белите дробови на пушачите

Еликсир за сите пушачи

Ако сте пушач, овој рецепт е  за вас. Лесно  се готви дома и производите се достапни во секоја кујна. Ги исфрла секретите од белите дробови на пушачите. Убаво е да се приготви и во текот на зимата, кога ќе фатите вирусна инфекција со кашлица и настинка.

Потребно е:

1/2 кг кромид, 1/2 кг кафеав шеќер, 1 литар и 500 млл вода, сок од 2 лимони, 7 лажици домашен мед.

Подготовка:

Ставете шеќер во соодветен сад, ставете на умерен шпорет да се карамелизиран како повремено се промешува до светол карамел. Додајте го излупениот ситно исецкани кромид и промешајте со дрвена мешалка.

Внимателно, за да не прска, додавате водата, се промешува и оставаме да се вари на умерен оган додека течноста остане 2/3, а другата 1/3 испари. Цеди низ газа, да се отстрани кромидот, и додаваме сокот од двата лимони, се додава и домашниот мед. Сè  добро измешајте додека не се раствори медот. Истурете во стаклено шише и оставете го да се излади во фрижидер.

За прочистување на белите дробови се зема 1 лажица пред секој  оброк. Пијте сè додека сирупот не заврши. Следната доза може да се направи по 3 месеци.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.