ГАК ќе го тужи таткото за насилно однесување, Волчев со тужба против Клиниката за лажни информации за бебето!

Гинекологија ќе го тужи за насилно однесување таткото кој тврди дека му ја нема родената ќерка и му покажале бебе со друго презиме. Тужба против ГАК најави и Јован Волчев поради претрпен стрес, погрешни информации за новороденчето и арогатно однесување на клиничкото обезбедување.  И Волчев и од клиниката случајот го пријавиле во полицијата. Од МВР за Сител изјавија дека имаат две пријави и работат на утврдување на вистината. Во вчерашниот инцидент се вклучи и министерството за здравство од каде велат дека немало замена на бебе.

Не постои никаква ситуација во која бебе недостига или било заменето. Бебињата на таа возраст ги идентификуваме со бројчиња, а не со имиња, и сето тоа било како што треба. Утврдивме дека станува збор за недоразбирање меѓу семејството на бебето и медицинскиот персонал кое потоа прераснало во кавга, изјави Венко Филипче, министер за здравство

По вчерашната драма на ГАК,  од најголемото родилиште ги демантираат тврдењата на таткото и велат културно го информирале за редот на клиниката. Сепак, нема одговор за тоа како му било покажано новороденче со друго презиме и дали имаат проблем со водењето на евиденцијата. Волчев, пак, вели дека вчера со часови бил изложен на стрес заедно со неговото семејство.

– Ми рекоа во девет часот има визита дојдете подоцна, отидовме во десет и тогаш ми викаат такво бебе со тоа име нема, но дојдете накај 11.30, отидовме и пак викаат не може да го видите заради историјата на мајката а подоцна кога ве повикав и вас ми покажаа бебе со презиме Василевска, но од кај да знам јас дека тоа е мое бебе може има повеќе василевски во болницата, вели Јован Волчев од Скопје.

Од Гинекологија најавија дека ќе прават промени и ќе има нови правила кога, како и кој може да ги посетува бебињата на ГАК. Сомнежот за замена на бебиња предизвика лавина од реакции по социјалните мрежи. Пред десет дена мајка ја напушти Клиниката со туѓо бебе.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.