Филипче во штипската болница – Најави мерки за кревање на македонското здравство
„Во очи“ Нова Година, новиот министер за здравство Венко Филипче најави покачување на надоместокот за дежурствата на лекарите и медицинскиот персонал, кој според проекциите, ќе треба да започне идната година, со априлската исплата на мартовската плата.
– Значајно е зголемувањето за некаде повеќе од 100%-изјави Венко Филипче, министер за здравство
Филипче при денешната работна посета на штипската клиничка болница, информира и дека, веќе се преземаат сериозни анализи на кој начин македонското здравството да се исправи на „здрави нозе.
-Треба да се направат чекори во неколку сегменти паралелно, за да веќе од оваа година ги започнеме процесите на интеграција и зацврстување на целокупниот здравствен систем-изјави Филипче
Штипската болница располага со квалитетен медицински кадар. Во изминатиот период, самостојно, но и со помош на врвни лекари од странство успеаја да воведат нови софистицирани методи во лекувањето.
-Заеднички ќе ги поставиме стратешките цели, со цел да го подобриме квалитетот на постоечките услуги, но и да понудиме нови услуги на пациентите од овој регион-додаде Филипче
Министерот заедно со лекарскиот тим ја посети новата болница во изградба, која од 2019-та година треба целосно да профункционира.