Фактори кои можат да му наштетат на имунолошкиот систем
Неочекувани фактори кои можат да го загрозат вашиот имунолошки систем
Имунолошкиот систем на човекот е сочинет од различни сегменти и е задолжен да се бори против микробите и бактериите на кои секојдневно сме изложени. Men’s Health ги наведува причините кои можат негативно да влијаат на вашиот имунолошки систем.
Добриот имунолошки систем се одржува со здрави навики како што се квалитетна исхрана, добар сон. Но, сепак постојат неочекувани фактори кои можат да го загрозат вашиот имунолошки систем без оглед на тоа колку се трудите да остане здрави.
Прекумерно вежбање
Доколку ја тестирате вашата издржливост и го заморувате телото, па потребни ви се неколку часа за да се вратите во нормала- време е да престанете со ваквиот начин на вежбање.
Студијата покажа дека екстремните маратонци биле склони на респираторни проблеми и секундарни инфекции со вирус и груп.
Изолираност и осаменост
Осаменоста и недостатокот на социјален живот можат да го уништат вашиот имунолошки систем затоа што осаменоста може да ја зголеми концентрацијата на кортизол, хормонот на стрес во вашето тело кој може негативно да влијае на организмот.
Стрес
Интензивираната подвижност, здравата исхрана и вежбањето можат, за жал, да бидат од мала корист кога животот го сфаќате премногу сериозно и кога постојано сте под стрес, покажуваат истражувањата. За да се спротивставите на многуте предизвикувачи на стрес во секојдневниот живот, важно е да најдете радост во едноставни работи, затоа што здравиот изглед на животот ќе ве задржи во форма.
Редовна употреба на антибиотици
Редовното одење на лекар и инсистирање на антибиотици и за најмала инфекција може да го загрози дури и најздравиот имунолошки систем. Неодамнешните истражувања спроведени од истражувачи од Харвард, МИТ и Институтот Вис откриле дека антибиотиците всушност можат да дејствуваат против организмот и да го ослабат начинот на кој имунолошкиот систем го штити организмот.