Еве зошто бремените жени не треба да пушат и да пијат алкохол во текот на бременоста
Новите истражувања покажуваат дека, бремените жени коишто пијат алкохол и пушат цигари во текот на бременоста, имаат 12 проценти поголеми шанси нивното дете да добие алергиска реакција, пишува The Sun.
Новата студија покажува дека бебињата кои се изложени на цигари и алкохол по првото тримесечје од бременоста, имаат поголем ризик од Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (SIDS).
Ова истражување е спроведено во Велика Британија откако лекарите открија дека дури 4 од 10 бремени жени пушат цигари во текот на целата бременост.
Тим научници од САД и Јужна Африка следаа резултати на скоро 12.000 бремени жени во период од 2007 и 2015 година.
Жените беа од подрачјето на САД и Јужна Африка, а овие земји се избрани поради високиот број на смрт на новороденчиња.
Синдромот SIDS е изненадна смрт која се јавува кај деца помлади од година дена. Истражувачите открија дека во период од една година починале 66 новороденчиња, од кои 28 случаи биле поради SIDS и 38 смртни случаи од други причини.
Опасноста од SIDS е 12 пати поголема поради пушење цигари и консумирање алкохол во првото тримесечје од бременоста, а ризикот се зголемува за 4 пати кај новороденчињата чиишто мајки продолжуваат да консумираат алкохол и да пушат цигари и по првото тримесечје.
Овие ризици беа споредени со ризиците кај новороденчињата кои не се изложени на цигари и алкохол, а нивните мајки до крајот на првото тримесечје престанале да консумираат алкохол и да пушат цигари.
Затоа, лекарите укажуваат на тоа колку опасности имаат овие пороци за здравјето на бебето и апелираат бремените жени да се информираат околу ова прашање за да го заштитат здравјето на бебето, но и нивното здравје.