Епидемија на морбили во цело Скопје – Малите сипаници се шират!

Малите сипаници се шират во Скопје. Овие два дена се потврдени 6 нови случаи и тоа во Чаир, Гази Баба и Аеродром. Има уште 6 сомнителни за кои се во тек лабораториски анализи. Сите нови случаи и еден од сомнителните според нашите информации се на Клиниката за инфективни болести. Меѓу заболените има и деца и возрасни. Надлежните ќе прогласат епидемија во Скопје.

Претходно прогласија епидемија во Радишани откако беа регистрирани 7 случаи од кои 5 дечиња кои одат во градинката Ташко Караџа. За да спречат ширење на заразата, надлежните ја затворија градинката и ги проверуваа вакциналните картони на сите деца во Скопје на возраст од една до 14 година. Резултатите покажаа дека од 100 000 деца дури 15.000 биле невакцинирани со МРП вакцината.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.