Енергетските пијалоци се опасни како дрога!
Енергетските пијалоци се опасни за здравјето на децата и треба да биде забрането нивното пиење на училиште, вели советникот за здравство на британскиот премиер Џон Винсент. Лименки од 500ml енергетски пијалок содржи околу 13 лажички шеќер и околу 160 мг кофеин , што е приближно исто како четири лименки Кока-Кола, пренесува Daily Mail.
Во Велика Британија , производителите и трговците на мало не продаваат енергетски пијалоци на помлади од 16 години.
– Енергетските пијалоци се само друга форма на дрога кои имаат исклучително штетен ефект врз концентрацијата и лоши ефекти за здравјето, вели Џон Винсент.
Од британската агенција за стандарди на храната и лековите тврдат дека голем број на деца имале чувство на гадење, брзо чукање на срцето и вртоглавица по пиењето на овие пијалоци. исто така додаваат дека овие пијалоци можат да предизвикаат краткорочни ефекти како што се зголемена раздразливост , нервоза и вознемиреност,и дефинитивно не се препорачуваат за деца.
Неодамна , Кели Озборн призна дека поради нејзината зависност од енергетски пијалоци неколку пати паѓала во несвест , а лекарите и кажале дека поради тоа има висок крвен притисок, аритмија и вртоглавица.