Ефикасна и евтина домашна крема против брчки

Не е потребно да трошите голема сума на пари и да купувате скапи препарати за нега на кожата. Можете сами да направите ефикасна крема од природни состојки, по грчки рецепт стар 2.000 години.

Потребни состојки: Една лажица органски мед, 8 лажици рендан пчелин восок, 200 милилитри бадемово масло и половина шолја розова вода (вода од рози).

Постапка: На тивок оган растопете го медот, восокот и бадемовото масло. Кога сето ова добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се разлади, но не потполно. Водата од роза додадете ја на топлата смеса и тоа капка по капка, притоа постојано мешајте.

Кога смесата е потполно соединета, сипете ја во стаклени садови кои ќе ги затворите дури откако препаратот ќе се олади целосно.

Овој препарат може да го користите и за отстранување на шминката или како крема против појава на брчки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.