Едни јадат чоколадо пред операција, други се молат – Кои се малите тајни на македонските хирурзи?

Колку обичаите и ритуалите се присутни во македонското здравство? Дали пред да влезат во операционата сала хирурзите и медицинските лица се молат, имаат амајлија во џеб или носат бело марамче за среќа?  Кардиохиругот Сашко Јовев, ортопедскиот хирург Виктор Камнар и трауматологот Илир Хасани веруваат во својата стручност а исходот од оепрацијата велат дека зависи и од состојбата на пациентот. Но сите тројца имаат долгогодишни навики што ги прават пред секоја операција.

-Доста колеги и кај нас и во странство имаат ритуали од кои некои и смешни. Јас без чоколадно бомбонче не влегувам во сала. – Значи овде секогаш имате чоколадни бомбони..Да, вели проф. др. Сашко Јовев, кардиохирург

-Имам обичај а тоа е да се напијам кафе кое јас сам си го подготвувам. И тоа не го пијам сам туку во друштво, мислам на утринскиот колегиум на клиниката, вели доц. Др. Виктор Камнар, ортопедски хирург

-Секогаш ми се случува при потечки и критични операции, практикувам верско молење, тоа е молитва се кажуваат два три збора и е кратка, вели др. Илир Хасани, трауматолог

Камнар кафето никогаш не го пие сам, а Јовев не дели од чоколадните бомбони на вработените во Кардиохирургија. Хасани кажува само два три збора од молитвата. Не очекуваат и не веруваат во чуда, туку овие работи велат дека само ги опуштаат.

-Па за опуштање може да се каже..вели др. Камнар

-Знаете, шеќерот влијае пред се на мозокот од што пак ќе дојде до смиреност и координација на движењето на рацете, вели др. Јовев

-Па се чувствувате поопуштен после кратка молитва, вели др. Хасани

Хирургот секогаш влегува последен во операционата сала и затоа Камнар има време да го подготви и испие кафето со колеги. Но сите тројца велат дека немаат време за размислување кога имаат итен и животозагрозувачки пациент.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.