Еден од најпопуларните чаеви кој го пиеме може да биде погубен за здравјето

Преголемите количини го оштетуваат црниот дроб

Во последните неколку години, во медицинските магазини се појавиле повеќе случаи во кои луѓето имале големи проблеми со црниот дроб, а главна причина за тоа биле таблетите на база на зелен чај.

Екстрактот од зелен чај може да предизвика оштетување на црниот дроб, соопштува Европската агенција за безбедност на храна (EFSA).

Покрај сите здравствени придобивки од зелениот чај кој често се препорачува како дел од разни диети, секојдневното консумирање на преголеми количини може да биде штетно за црниот дроб, до таа мера што може да доведе и до негово откажување.

Главните виновници за тоа се катехините, вид на полифеноли кои се важни за функциите како растот и пигментацијата. Се претпоставува дека штетната доза е околу 800 милиграми дневно, но сè уште нема официјална потврда за безбедната дневна доза на катехини.

Ваквото предупредување доаѓа откако канадските научници побарале поостри проверки, а сè започнало од случајот на еден тинејџер кој често земал таблети со екстракт од зелен чај и завршил со тешко оштетување на органот.

Во последните неколку години, во медицинските магазини се појавиле повеќе случаи во кои луѓето имале големи проблеми со црниот дроб, а главна причина за тоа биле таблетите на база на зелен чај. Еден маж од Австралија морал да се подложи на трансплантација на црн дроб, а во Велика Британија, една 16-годишна тинејџерка заболела од хепатитис откако користела таблети за слабеење од зелен чај.

Во заклучокот, Европската агенција објавила дека катехините кои се внесуваат во мали количини се многу добри по здравјето, но претерувањето би можело да биде многу опасно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.