Две бебиња од Скопје и Тетово заболеле од магарешка кашлица
Пријавени се 4 лица со вирусен хепатит Б, кои согласно Календарот за имунизација не подлежат на вакцинација и не се вакцинирани. Регистрирани се двa случаи на заразни заушки од Велес кај деца кои припаѓаат на возрасната група од 10-14 години, не вакцинирани против ова заболување иако според редовниот Календар за имунизација подлежат на вакцинација. Случаите не се епидемиолошки поврзани, а дијагнозата во двата случаи е поставена клинички. Во месец април, регистрирани се и два случаи
на голема кашлица. Првиот случај е 6-месечно дете од Скопје, кое не е вакцинирано со компонента против голема кашлица. Вториот случај е 2-месечно дете од Тетово, кое не подлежи на вакцинација. Во двата случаи дијагнозата е поствена клинички и лабораториски докажана.