Домашна напивка што ги симнува килограмите и го штити срцето

Полн витамини и минерали

Доматот содржи огромна количина на хранливи материи. Каротените му даваат блескава боја на зеленчукот, но и позитивно влијаат врз очите. Благодарение на витамините Б и Ц, доматот ги нормализира метаболичките и енергетските процеси. Ова овошје исто така е богато со минерали, како што се калиум, фосфор, калциум и цинк.

Хемискиот состав на доматот содржи три видови антиоксиданси кои ефикасно се борат против слободни радикали и го штитат телото од ултравиолетово зрачење. Најмоќниот од нив е ликопен, а доматот го содржи најмногу.

Доматот го нормализира метаболизмот, бидејќи содржи големи количини витамин Б.

Смуди од домати
Состојки:
4 домати
половина шолја доматен сок
1 морков
1 струк целер
¼ лажичка црн бибер
6 коцки мраз
2 лажици сок од лимон
малку сол
Приготвување:
Ставете се’ во блендер, а кога ќе ја сомелете содржината, оставете ја во фрижидер 20 минути. Пијте го овој освежувачки пијалак во текот на врелите летни денови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.