Детската клиника ги затвори вратите за посети по смртниот случај од компликации од грип!

Клиниката за детски болести од денеска ги затвори вратите за посети на сите одделенија во установата. Причина е зголемениот број на грипозни пациенти како и смртта на две и пол годишното дете од Штип кое имало Даунов синдром и невролошки заболувања а му бул дијагностициран и грип. Состојбата му се искомплицирала и леарите не успеале да го спасат. Директорката на Детска вели дека стотина од хоспитализираните деца имаат компликации од грип.
-Скоро 90 проценти од брисевите што ги земаме на пациентирње кои лежат на клиниката се позитивни на грип. Повторно сме преполни со пациенти, има притисок и забранивме посети бидејќи покрај акутни имаме и други пациенти кои се под голем ризик да заболат, вели др. Кети Ставриќ директор на Клиниката за детски болести.
Момчето од Штип кое почина не било вакцинирано против грип иако имало дополнителни заболувања. Педијатрите со препорака сите деца со хронични болести да бидат имунизирани бидејќи вирусот може да им предизвика сериозни компликации. На хематоонколошкиот оддел има млад пациент кое на клиниката заболелело и од грип.
-Дадена му е терапија за грип се надеваме ќе биде добро и ќе помине вирусот за да си продолжи со терапијата за основната болест, вели др. Ставриќ.
Според педијатрите, грипот кај малите деца може да предизвика проблеми со дишењето, бронхити и пневмонии.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.