Дали ви е судено да остарите заедно?!

Девица и Водолија

Компатибилноста меѓу Девицата и Водолијата е запишана во ѕвездите! Причината за нивното меѓусебно разбирање лежи во одговорот на главните животни прашања. Водолијата лесно „паѓа“ на привлечноста на Девицата, нејзиниот прониклив ум, вештини, уреден живот и опкружување. Но, и сонувачката природа на Водолијата силно ја привлекува Девицата. Овде станува збор за магијата на спротивните пола на магнетот.

И Водолиите и Девиците уживаат во интелектуални дискусии, љубопитни се и се интересираат за нови идеи и концепти. Кога ќе наидат на некакви потешкотии, тие се подготвени да најдат соодветно решение. Но, доколку Водолијата почне да дели памет како што понекогаш знае да прави, Девицата многу ќе се изнервира. Ваквите ситници понекогаш можат да ги разделат, но тоа зависи од интензитетот на љубовта и од нивната посветеност на врската.

Лав и Вага

Ова е најинтересниот пар во зодијакот. Гордиот Лав ќе ужива во љубовта со која несебично ќе го опсипува великодушната Вага. Меѓутоа и Вагата поседува силна личност, така што нема да дозволи да биде излажена од лавовскиот став. И двајцата умеат да бидат многу нежни, а кога се во друштво си обрнуваат внимание еден на друг, но не ги запоставуваат ниту другите.

Нивниот живот понекогаш знае да биде навистина гламурозен, а со оглед на тоа што и двајцата уживаат во тоа, нема да дојде до конфликт. Терезијата отворено ќе ја покажува нејзината посесивност, но доминантниот Лав воопшто не обрнува внимание на такви ситници. Најважно е тоа што и двајцата поседуваат одлични комуникациски вештини. Тоа е тајната на нивната успешна љубов. Без разлика каков проблем ќе им се појави, тие веднаш ќе го решат со разговор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.