Дали рацете треба да ги миете во топла или во ладна вода?
Луѓето мислат дека миењето раце со антибактериски сапун во топла вода ќе убие повеќе бактерии на рацете, отколку обичен сапун со ладна вода. Научниците го докажале спротивното.
За луѓето да отстранат повеќе бактерии потребно е да ги тријат рацете со сапун барем 10 секунди, покажало истражување во Њу Џерси.
Луѓето мораат да се чувствуваат удобно за време и после миењето раце, но што се однесува до ефектот – исто е дали ги миеме рацете со топла или со ладна вода.
Топлата вода е подобра, бидејќи помага сапунот полесно да се запени, но активноста на при миењето на сапунот од рацете помага подобро да се исчистат рацете, вели докторката Лиза Ејкли.