Дали полната месечина лошо влијае на нашето здравје?

Народно верување кое сите го знаеме - еве што вели науката

Гравитацијата на Месечината во различни аспекти има значително влијание врз здравјето на луѓето. Ова особено важи за луѓето кои боледуваат од бубрези, кај кои се покажало дека интензитетот на болката поради активноста на камењата е значително зголемена за време на полна месечина.

Влијанието на гравитацијата на Месечината во различни периоди исто така влијае врз балансот на водата во човечкото тело, ритамот на спиењето и појавата на несоница, а кај жените во голема мера влијае и на менструалниот циклус, тврди британскиот алтернативец д-р Метју Силверстон, врз основа на спроведеното истражување.

Австралиските истражувачи отидоа уште подалеку, тврдејќи дека насилното однесување и другите нарушувања кај ментално болните луѓе се почести за време на полната Месечина.

Научниците со љубопитен дух, Месечевото влијание го нарекуваат и „трансилванска хипотеза“. Овој поим го опфаќа толкувањето дека Месечината не дејствува само како гравитациона сила, туку и го менува магнетното поле на Земјата. Иако скептиците го отфрлаат ова толкување како неосновано, британските истражувачи предводени од д-р Питер Перкинс докажале дека врз основа на анкетата спроведена меѓу колегите за време на полна месечина бројот на повици упатени до итната помош се зголемил за 3%. Спротивно на тоа, за време на младиот месец, бројот на повици се намалува за 6%.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.