Дали кондомите се здрави за вагината?

Кондомот заштитува од сексуално преносливи болести и забременување, но...

Кондомите директно придонесуваат за здравјето на вагината, тврдат лекарите.

Според изјавата на Мети Џејн Минкин од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јејл, жените чии партнери користат кондоми за време на сексот, имаат повисоко ниво на Lactobacilli.

Lactobacilli се здрави бактерии кои телото го штитат од најразлични инфекции, па и од сексуално преносливи болести.

Со спречувањето на ејакулатот да навлезе во вагината, кондомот помага да се задржи нормалната PH вредност во која нормалните бактерии можат да опстанат, а со тоа и да ја штитат внатрешноста на вагината.

На тој начин се намалува можноста за заболување од кламидија и гонореја, а истовремено е заштитен и партнерот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.