Чудесен рецепт што го прочистува целиот организам
Важен за срце, крвни садови, имунитет, црн дроб…
Ова е рецепт кој го лекува целиот организам. Ги прочистува крвните садови, го одржува срцето, го подобрува имунитетот, го чисти црниот дроб, штити од инфаркт и се смета дека помага при лекување на рак.
Состојки: 15 лимони, 12 главички лук, 1 кг мед, 400 грама пченични никулци и 400 грама ореви.
Подготовка:Земете ја необработената пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла. Наполнете со вода и оставете да отстои 10-12 часа. Покрите со газа, а откако ќе помине потребното време, процедете ја преку газата и добро измијте ги зрната. Еден ден подоцна ќе се појават никулци со големина 1-2 мм.
Потоа во машина за мелење месо сомелете ги заедно лукот, пченицата со никулци и оревите. На тоа додадете 5 измелени лимони (сосе) кора. Останатите 10 лимони исцедете ги, а сокот додадете го во смесата. На крајот се додава и медот.
Смесата се префрла во стаклени тегли кои треба да се чуваат во фрижидер. Се користи откако најпрво ќе отстои три дена. Овој лек е корисен за целиот организам и штити од многу болести.
Консумирање: Се земаат по 1-2 супени лажици од оваа смеса 30 минути пред секое јадење (3 пати на ден). За лекување на рак се зема на секои два часа по една лажица.