Чај што помага во топењето на масните наслаги

За поефикасна диета

Зелениот чај повторно е во центарот на вниманието. Освен што изобилува со антиоксиданси, се нашол и на листата “производи за слабеење”.

Поради своите прехранбени и антиоксидативни вредности, на зелениот чај му се припишуваат многу здравствени предности, вклучувајќи и губење на тежината. Се користи од дамнешни времиња во кинеската медицина за лечење на разни здравствени состојби.

Зелениот чај го поттикнува слабеењето забрзувајќи го метаболизмот. Содржи катенхински флавоноид, кој е антиоксиданс и го поттикнува метаболизмот. Истражување објавено во 2010-та година открило дека додатоците на зелениот чај кои содржат кофеин или катехини имаат мало, но позитивно влијание на програмите за слабеење.

Редовното вежбање и консумирањето на здрава храна со многу овошје и зеленчук е најделотворна стратегија за слабеење, но со зелениот чај резултатите ќе бидат уште поделотворни.

За да ослабете со помош на зелениот чај, потребно е да пиете две до три чаши во текот на денот, покажале резултатите од истражувањето на Медицинскиот центар при Универзитетот Мериленд.

Пијте чај по оброците во утринските и вечерните часови. Ако имате проблеми со несоница, немојте да го пиете чајот пред спиење, туку порано.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.