Чадиковски и Митрев во акција – Прва хибрид операција кај бебе со хипопластично лево срце
Во Клиничката болница Жан Митрев за првпат е направена хибрид операција кај три килограми тешко бебе со дијагноза хипопластично лево срце, што е една од најтешките срцеви мани во детската возраст.
Се работи за вродена срцева мана кај која недостасувана целото лево срце , односно левата комора , левата предкомора и аортата.
Хибридната интервенција се изведува на начин што интервентно се аплицира стент на артериозниот дуктус , а по 48 часа се бендираат (стеснуваат) пулмоналните артерии што носат крв во белите дробови.
По интервенцијата бебето се опоравува и се стабилизира за главната операција која се прави неколку месеци од хибридната процедура.
Хибридната операција беше извршена од страна на д-р. Владимир Чадиковски и д-р.Жан Митрев , а интервентниот кардиолошки дел беше изведен од страна на д-р. Вилма Ампова.