Недоволното спиење може да предизвика мозочен удар

Наспиј те се!

Американски лекари направиле студија која покажала дека луѓето што не спијат доволно, имаат поголема веројатност да доживеат мозочен удар, особено ако имаат дијабетес и срцеви болести. На луѓето со овие болести експертите им препорачуваат да спијат најмалку шест часа дневно. Во спротивно, истражувачите тврдат дека веројатноста за смрт од мозочен удар е двапати поголема отколку кај здравите лица кои спијат повеќе од шест часа дневно.

Лекарите до овие заклучоци дошле следејќи ја состојбата на 1.344 мажи и жени, а меѓу нив издвоиле и ризична група луѓе – луѓе со висок индекс на телесната маса, зголемено ниво на холестерол и висок крвен притисок.

Истражувањето на американските лекари траело 16 години.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.