Бебињата до шест месеци никако не смеат да пијат вода!
Телото на просечен, здрав возрасен човек е составено од 55-60 проценти вода. Од друга страна телото на просечно бебе е составено од околу 75 проценти вода. Оваа разлика е причина зошто бебињата не треба да пијат вода пред да наполнат најмалку 6 месеци.
Бубрезите имаат граница за тоа колку вода можат да поднесат, ако ја преминете таа граница вишокот вода ќе премине во крвотокот каде ја разредува солта или натриумот во вашата крв.
Со тоа се создава ризик за хипонатремија, состојба што се случува кога клетките се обидуваат да го вратат нивото на сол во нормала со апсорбција на вишокот вода при што отекуваат клетките. Тоа предизвикува компликации како гадење, лошење и грчеви во мускулите. Состојбата може да ескалира ако продолжите да пиете вода до труење со вода, се случува кога отекуваат мозочните клетки и тоа може да доведе до вртоглавица, мозочни оштетувања и смрт.
Бубрезите на новороденчињата не се развиени доволно и се двојно помали од бубрезите на возрасните. Тие не можат да ја филтрираат водата така што било која вода завршува во нивниот систем за цикрулација при што водата се зголемува за 7 до 8 проценти.