Бактериите од устата опасни за срцето!
Оралната хигиена е во тесна врска со општата здравствена состојба, што пред се се однесува на здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Лицата со најмногу бактерии во усната шуплина претставуваат совршени „кандидати“ за срцев удар, тврдат експерти од американски универзитет.
До овој заклучок дошле анализирајќи 386 мажи и жени кои претрпеле срцев удар и 840 лица од различен пол кои го имале овој здравствен проблем.
Целта на истражувањето било да се утврди дали некои видови бактерии особено ја поттикнуваат појавата на инфаркт.
Резултатите покажале дека бактериите tanarella forsintesis и prevotella intermedia значително се почести „жители“ на усната шуплина кај лицата кои доживеала инфаркт, отколку кај испитаниците во контролната група.
Меѓутоа, се уште ризичен фактор претставува зголемениот збир на сите бактерии кои таму се населиле.
Дека за хигиената во устата треба да се поведе особено внимание зборува и податокот дека инфарктот на миокардот е најчеста причина за смрт во современиот свет. Експертите предупредуваат дека и вака намножените бактерии можат да предизвикаат општо воспаление кое поттикнува создавање згрутчување на крвта.