БАБА РАДА: Ако жените знаат што може целерот да направи, би го користеле секој ден
Тајните на Баба рада
Билките од детството сега го исполнуваат нејзиниот живот. Иако е дипломиран правник таа цел живот се занимава со лековитите растенија и со огромна љубов зборува за нив, ги препорачува бидејќи тие чудотворни растенија се еликсир за здравјето. Сите ја познаваат затоа што баба Рада несебично ги споделува рецептите со кои преку исхраната или напивките се подобрува имунитетот, се подобрува здравјето, се задржува младоста па дури се и афродизјак.
Се е љубов, нивното одгледување, собирање и внесување во исхраната, вака започна во Велес да ја раскажува приказната оваа позната билкарка. Потсетувајќи се на детството она што длабоко се врежало во нејзините сеќавања се дворовите на старите куќи во кои растеле босилекот, маточината и џунџулето. Објаснувајќи дека вардарскиот дел од Македонија, со умерено континентална клима, изобилува со многу билки и е расадник на ајдучката трева, бела и жолта, кантарионот, коњското опавче кои треба секојдневно да се употребуваат.
„Коњското опавче е многу добра билка, во себе содржи силициум и златна прашина и со тие состојки во цебе е многу лековите. Во овој дел на Македонија ги имаме шипинката, глогот, глуварчето и тегавецот, за кои не треба да зборувам за сите видови од женски, машки и среден, сите извонредно лековити билки кои можат да ни помогнат во јакнење на организмот и во лекување. Тука е и рузмаринот и лавандата, го има во велешкиот регион, кои особено ви ги препорачувам,“ рече баба Рада.
Откривајки дека е особен почитувач на зачинските билки, таа со посебно внимание во нејзината градина одгледува лук влашец, растение кое има својство на лук и на кромид, а го користи во сите салати а најмногу во таратурот.
„Го препорачувам коријандерот, како врвен прочистувач на човечкиот организам кој се користи низ цел свет. Изгледа како магдонос а го има и во вид на зрнца во сите маркети кај нас. Да го употребувате и да им го давате на вашите деца, да го користат и луѓе кои имаат пpоблеми со дигеcтивен тpакт . Ви препорачувам анаcон и копар , магдонос, морков и целер, постојано ги употребувам . Кога би знаеле жените што целерот им прави на мажите, а мажите би го јаделе затоа што е афродизјак, тогаш нема да им недостасува љубов и гушkање,“ рече баба Рада.
Таа на граѓаните им откри дека секојдневно употребува и пpосо, хељда и киноа, билки кој во минатото традиционално ги користеле нашите баби и прабаби.