Додека имавме често инфекции, додека бевме валкани до толку што имавме природни стимуланси на нашиот имуни систем и тогаш бевме здрави, вели професорот д-р Бранимир Несторовоиќ, началник на пулмологија на Универзитетската детска клиника во Белград.
– Антибиотиците ништо не лекуваат. Јас го велам тоа на моите студенти и специјализанти и тие ме гледаат бело. Ако немате бели крвни зрнца вие ќе умрете. Антибиотиците само ги убиваат бактериите, односно го успоруваат нивното размножување. Без нашиот имун систем нема ништо. Вие кога четири или пет пати ќе земете антибиотици тогаш доаѓа до пореметување на белите крвни зрнца. Антибиотиците се нужно зло – вели докторот.
Тој смета дека имаме мноштво природни антибиотици, но дека никој не ги користи.Сите зачински билки се антибиотици. Ориганото го користиме кај пациенти со силно воспаление на белите дробови, бидејќи помага. Црниот бибер е силен антбиотик вели докторот.
– Лукот на пример, Алцинот од лукот е еден од најсилните антибиотиците кои ги имаме. Прополисот е извонредна работа која во себе содржи 64 природни антибиотици и нема бактерија која е имуна на нив. Антибиотиците треба да ги користиме за она за што се наменети, а тоа се бактериски инфекции. Постои една болест каде превентивно вреди да се пијат антибиотици, а тоа е грип. Со пиење антибиотик при грип се намалува за 25 отсто можноста за добивање на воспаление на белите дробови – вели Несторовиќ.