Ако ги имате овие симптоми, под итно мора да ги исчистите токсините од црниот дроб!
Правилната функција на црниот дроб е од клучна важност за целокупното здравје и благосостојба. Спротивно на тоа, неправилната работа на црниот дроб може да се манифестира со бројни симптоми, од кои некои се опасни и по живот. Еве некои од тие знаци на кои треба да посветите внимание.
ЧУВСТВО НА ЗБУНЕТОСТ И ДЕЗОРИЕНТИРАНОСТ
Намалената концентрација, проблемите со меморијата, потребното повеќе време за осмислување на одговор како и многу други психички проблеми, често пати се симптоми кои се јавуваат како резултат на замастен црн дроб. Според американската фондација за црн дроб, можно е дел од токсините да се акумулираат во подрачјето на мозокот. Кога тоа ќе се случи, се појавуваат погоре наведените симптоми. Па така, прогресивната ментална конфузија може да биде основен симптом кој укажува дека е потребна детоксикација на црниот дроб.
ЧУВСТВО НА ХРОНИЧЕН ЗАМОР
Хроничниот замор кој трае необично долго и е со силен интензитет е еден од најчестите симптоми кој може да биде причинет од прекумерно наталожување на токсини во црниот дроб. Тоа е така, затоа што токсините во црниот дроб често го нарушуваат мускулниот метаболизам, па тоа резултира со болки во мускулите и физички замор. Во некои поизразени случаи, хроничниот замор често се манифестира со емоционална и ментална нестабилност која може да доведе и до депресија.
ПОЈАВА НА АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА
Здравиот црн дроб произведува антитела, кои пак ги искоренуваат алергените од него. Додека пак, заболениот црн дроб ги чува алергените наместо да ги отстрани. Мозокот го детектира присуството на алергени и го активира одбранбениот механизам преку создавање на хистамин. Па така, кај лицата кои имаат замастен црн дроб често се јавуваат вообичаените алергиски симптоми како главоболка, јадеж, иритација на кожата и црвенило.
ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК
Воопшто не е чудно лицата кои имаат заболен црн дроб да се соочат со покачен крвен притисок. Но, вистинскиот проблем лежи во негативните последици кои може да ги има хипертензијата во комбинација со замастениот црн дроб. Па така, високиот крвен притисок може да ја влоши состојбата на црниот дроб. Хипертензијата често е придружена и со висок холестерол, а тоа е состојба која е потенцијално опасна по живот.
ЗГОЛЕМЕНО ПОТЕЊЕ И НЕПРИЈАТНИ ТЕЛЕСНИ МИРИСИ
Црниот дроб е диспропорционално голем орган. Кај лицата кои имаат замастен црн дроб, често се ослободува голема количина на топлина. А тоа пак, доведува до зголемено потење, бидејќи телото се обидува да ја регулира телесната температура и да се разлади. Прекумерното потење води до појава на непријатни мириси на телото, па тоа повторува во затворен круг без крај.